5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Зошто разумните луѓе веруваат на теории на заговор?

Може да ги најдете насекаде – на Facebook, во локалниот бар или на скара на ваш пријател: луѓе, познати и омилени, кои во принцип ги гледате за разумни и во исто време веруваат со сето свое срце во некои од најпознатите неверојатни теории на заговор. Од каде потекнува оваа навидум нелогична контрадикција, прашува io9?

Одговор на ова прашање се обидува да даде уредничка во New York Times Magazine Меги Коер-Бејкер.

Во деновите по бомбашкиот напад во Бостон шпекулациите за идентитетот и мотивите на непознатиот сторител или сторители беа огромни. Откако браќата Царнаеви беа идентификувани, сите тие шпекулации не завршија. Тие едноставно примија нова форма. Еве еден пример: Можеби браќата биле користени за да го одвлечат вниманието од вистинскиот лидер на заговор, кој е богат саудиец со врски на највисоко ниво, а можеби тие се невини односно не дејствувале сами туку како дел од една многу поголема организација?

Колку и глупаво да звучат овие теории, луѓето кои ги шират не се такви – всушност тие се сосема нормални. Но последните научни истражувања ни покажуваат дека ако мислите дека било која од погоре наведените теории е можна, веројатно го мислите истото и за останатите, дури и кога тие си противречат.

“Најдобар начин да предвидите верата во една конспиративна теорија е верата во други такви теории”, објаснува Виреја Свуми, професор по психологија, кој проучува теории на заговор на Универзитетот во Вестминстер во Англија. Психолозите велат дека тоа е затоа што конспиративна теорија не е толку одговор на еден настан колку што е израз на една глобална перспектива за случувањата во светот.

поврзани објави

Последни објави