Вчера, на големиот христијански празник Божиќ во Прилеп бил пронајден мртов човек, кој се наоѓал во објектот на поранешното инфективно одделение на болницата во овој град.
Била повикана и итна медицинска помош, но лекарот само констатирал смрт, додека потоа увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од прилепската полиција.
Најверојатно станува збор за лицето П.М. 26-годишник од Прилеп. Над телото ќе биде извршено обдукција, по барање на јавниот обвинител.