fbpx
8.8 C
Skopje

Кралицата Елизабета за прв пат се појави во јавноста после болеста

АКТУЕЛНО

Британската кралица Елизабета за прв пат се појави во јавност за Божиќ, после опоравувањето од тешката настинка која ја остави кралицата во кревет некој период.

Деведесетгодишната кралица заедно со својот сопруг 95-годишниот принц Филип пристигнаа во црквата Свети Марија Магдалена во Сандригам во источна Англија, каде вообичаено ги поминуваат празниците.

Болеста доведе до тоа да мисијата на кралицата за Божиќ да ги поздрави и испрати честитки за божиќните празници на сите граѓани биде откажана после десетина години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -