fbpx
2.8 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Основна цел на СЈО е оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ

АКТУЕЛНО

Основната цел на Катица Јанева била и останува обезбедување на приказни за медиумите под контрола на СДС за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ кое треба да помогне во дефокусирање на јавноста од ветувањата што ги даваше Заев во предизборниот период, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СЈО повторно потврди дека функционира единствено како партиска експозитура на СДС во правниот систем. Предметите кои ги води СЈО не се ништо друго туку реализација на политичките нарачки на Зоран Заев, нешто што македонските граѓани го плаќаат со 4 милиони евра годишно. СЈО уште еднаш се докажа како крајно непрофесионална, необјективна и партизирана институција. Ова се потврдува со манипулативното лиферување документи околу наводните истраги кои ги спроведуваат Јанева и колегите“, се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, основната цел на Катица Јанева не е правдата, туку слугување на пропагандата на СДС.

„Дури и бруцош на Правниот факултет знае дека во апсурдните обвиненија на Јанева не постојат докази за било каков криминал, а истрагите кои ги отвора се срам за било кој обвинител во светот“, се вели во соопштението

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -