3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Министерот за внатрешни одржа средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес одржа работна средба со амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Амбасадорот Тимоние му посака на министерот Спасовски успешна работа во текот на неговиот мандат пренесувајќи му ги и честитките од неговиот француски колега, министерот Брино Ле Ру, како и намерата на француската полиција да помогне финансиски, но и во користењето на финасиските средства од европските фондови наменети за реформа на македонската полиција.

Министерот Спасовски од своја страна се заблагодари на честитките и понудената помош, но и за се она што досега е добиено како помош од оваа пријателска земја. Притоа, Спасовски потенцираше дека особено му претставува задоволство што токму со амбасадорот на Република Франција ја остварува првата официјална средба во неговиот нов мандат.

поврзани објави

Последни објави