Игор Станчевски е двегодишно детенце кое боледува од церебрална парализа и има застој во психомоторниот развој.
За да се подобри неговата здравствена состојба потребно е да замине на испитување и лекување на клиника во Ниш, Србија, со придружник родител, за што се потребни финансиски средства кое семејството не може да ги обезбеди имајќи ја предвид нивната и така тешка финансиска состојба.
Затоа, да помогнеме, како многу пати досега.
Донациски број за корисници на Оне.Вип 143-483
За донации од Македонија:
210 5016729408 13
НЛБ Тутунска банка АД Скопје
Раде Станчевски
300 2770282232 44
Комерцијална банка АД Скопје
Раде Станчевски
За донации од странство:
IBAN Code MK 210501688407463
SWIFT TUTNMK22
Daniela Stancevska
Инаку Игор е едно од четирите деца на Даниела и Раде Станчевски од Богомила. Шестчленото семејство со денови живее во мрак откако поради големиот долг им е исклучена струјата, а вода обезбедуваат од пумпа.
Таткото на четирите деца (Игор, двајцата браќа 14 годишниот Стефан и 9 годишниот Петар и неговата 12 годишна сестра Грозда) е вработен, но неколку месеци ја нема земено платата од која преживуваат. Малиот Игор пак кој боледува од церебрална парализа, неможе да ја прима редовната терапија.
Даниела вели безуспешен бил и обидот да обезбедат надомест за трето или четврто дете. Ниту солзите на Даниела не ја ублажуваат болката на мајката , заради неможноста да им пружи барем малку радост на четирите деца и непречено лекување на Игор.
Да помогнеме!
Превземено од: Donacii.mk