3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ФОТО: Средба Димитров – Бејли: Потребно е унапредување на билатералните односи

 Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави во нашата држава, Џес Бејли.

Соговорниците разговараа за начините за натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу Република Македонија и САД, нагласувајќи ја заедничката заложба за продлабочување на соработката во сите домени од заемен интерес.

Министерот Димитров нагласи дека новата Влада на Република Македонија е бескомпромисно ориентирана кон реализирање на неопходните реформски процеси во општеството и создавање на предуслови за одговорно владеење и независни институции коишто, пред сè, би работеле во функција на потребите на сите граѓани на нашата држава. Притоа, подвлече дека јакнењето на институциите, владеење на правото, промоција на култура на дијалог и компромис ќе бидат најдобри аргументи за забрзана Евро-атлантска интеграција на земјата. Во тој контекст, посебно беа акцентирани силната посветеност и заложбите на новата Влада за што поскоро остварување на полноправно членство на Република Македонија во НАТО, односно за забрзување на процесот на Евро-атлантската интеграција на нашата држава. Министерот Димитров укажа дека што побрзо зачленување на Република Македонија во Алијансата, ќе има и исклучително значење и за безбедноста и просперитетот на Регионот во целина.

поврзани објави

Последни објави