Вечерва во СРЦ Јане Сандански, ракоматерите на Вардар со своите најверни навивачи ја прослави и шампионската титула, заверена со мечот во Велес против Борец, кој Вардар го доби со 36:28. Со ова Вардар ја заокружи одличната сезона во која комплетираше 4 трофеи, титулите во Лигата на шампионите, регионалната СЕХА лига и двојната круна во Македонија.