13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

„Реформаторите“ за Милошовски се „безрбетници“

Еден адвокат, во добрите времиња во 2013, 2014, 2015-та година како партиски правен застапник на куп државни претпријатија си правел околу 300.000€ годишен приход и си молчел, нит спомнал реформи, ни режим, се му било демократски; членовите не ги гледал, сите функционери ги фалел, а посебно лидерот.., стискање со двете раце!

• Денес, секнало изворчето на адвокатот и одеднаш потребни биле реформи и демократија?! Но, на маката, се познаваат и јунаците, и доследните членови и интересџиите. Овие последниве кога имаат интерес викаат “ура”, а кога ќе дојде зорт време викаат “уаа”, свесно правејќи го тоа надвор, пред комшиите и политичките ривали, за штетата врз партијата да биде поголема! Ако.., нека се видат роговите.

• На ВМРО-ДПМНЕ му треба освежување, реформирање, но не му треба лицемерие!

• Чесните и достојни членови на ВМРО-ДПМНЕ знаеле да критикуваат , да укорат и да пофалат и во добри и во лошо, но го правеле тоа на начин и место што доликува на едно големо партиско семејство.

• Но токму заради оние интересџиите, кои не се ни први ни последни безрбетници од основањето на ВМРО-ДПМНЕ до денес, баш заради таквите, потребни се суштински кадровски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за да излеземе посилни, со сплотување на членството, со единството и целокупноста на партијата како заедничка врвна цел за следната изборна победа!

Член сум на ВМРО-ДПМНЕ од мојата 16та година, заради идеологијата, организацијата, заради Македонија, за конзервативните вредности и честа на моите предци загинати во Илинденскиот период! Така ќе остане се додека смртта не не’ раздели!

поврзани објави

Последни објави