Црешите поседуваат многу хранливи вредности, поради тоа е препорачливо да се консумираат во големи количини.
Во 100 грама цреши (без семка) има 13 грама шеќер, еден грам протеин, 0.2 грама масти и два грама влакна (вкупно 63 калории).
Кога станува збор за витамини и минерали, црешите содржат витамин Ц, мала количина на витамин Б-комплекс, како и железо, калиум, и мала количина на манган, магнезиум и бакар.
Тие се богати со антиоксиданти, и тоа особено со антоцијани и флавоноиди за кои бројни истражувања покажаа дека помагаат како превенција за карцином, кардиоваскуларни заболувања, гојазност и дијабетис тип 2.
Црешите исто така, изобилуваат и со вода, па благодарение на тоа го спречуваат и ублажуваат заморот и главоболката кои се јавуваат при дехидрација на организамот.