5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Британец облечен како терорист предизвика паника на Хвар

Само две седмици по последниот теористички напад во Велика Британија, еден Британец се прошета низ јадранскиот остров Хвар, облечен како терорист.

На себе, тој имаше лажен бомбашки елек, а во рацете носеше пластична пушка, па со својата појава предизвика паника меѓу присутните.

Фотографијата од забрадениот Британец, кој се шета низ хварските кафулиња, на Твитер ја постави загрижената туристка Ешли Коуви.

Лажниот терорист никој од присутните не го пријавил в полиција, но надлежните се во потрага по него и разговараат со луѓето кои се нашле во близина.

поврзани објави

Последни објави