fbpx
6.8 C
Skopje

Борисов: Бугарија нема поблизок народ од Mакедонскиот

АКТУЕЛНО

Македонија има голем сојузник и пријател во лицето на Бугарија. Ова го изјави премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов во првото интервју за македонските медиуми. Тој пред новинарката Жана Божиновска изјави дека премиерот на Македонија, Зоран Заев е добредојден во Бугарија, а Бугарија нема поблизок народ од македонскиот.

Ние имаме една убава бугарска поговорка: “Помогни си сам, за да ти помогне и Господ“. Најважно што вие направивте е дека излеговте најпосле од оваа тешка политичка криза – криза која ги загрижи сите. Тешко време за Македонија , борба во парламентот, крв, напнатост. И кога го нападнаа парламентот, тогаш ми се јави и претседателот Иванов, и г-дин Заев, и г-дин Груевски. На секој еден сум рекол дека ние го гледаме со загриженост кон она што се случува таму и вистински се надеваме политичката криза во Македонија ќе заврши и Македонија ќе се управува на демократски начин – така, како што е во целата Европска унија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -