Нашиот прв сосед има огромна желба да помогне на Македонија за интеграција во НАТО и ЕУ. Разговаравме за помош и поддршката што Бугарија може да даде на нашата земја во процесот на интеграцијата. Ова го изјави премиерот на Македонија, Зоран Заев по средбата со премиерот Бојко Борисов.
Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија ќе биде потпишан на 2 август, во Софија улица ќе го носи името на претседателот Борис Трајковски, а во Скопје – на Жељу Желев. Ова стана јасно по средбата на премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов во Софија.
Како знак за надминување на долгиот спор околу историјата на двете земји и на тоа чиј цар е Самуил двајцата изненадувачки одлучија да ја нарушат официјалната програма и да донесат цвеќе на споменикот во центарот на Софија.
Кога Борисов ќе ја врати посетата на македонскиот колега во август, ќе го стори истото во Скопје.
Договорот за добрососедство речиси бил финализиран, останувало уште еден чекор и до 2 август, кога се одбележуваат 114 години од избувнувањето на Илинденското востание, Борисов ќе биде во Скопје, за да го потпишат.
Според двајцата премиери минатото не треба да ни разединува, туку да не сплотува.
“Подобар близок народ ние немаме”, увери Борисов поради некои од спорните прашања кои треба да бидат разјаснети пред потпишувањето на документот – пример признавање на македонскиот јазик, историјата на двете земји.