Најавеното затоплување на односите меѓу Македонија и Бугарија ќе донесе многу немирни ноќи за еден куп големи „македонски“ патриоти. Да не си им во кожата на ликови како Миленко, Мирка, Тошо Бањарка, Влахов Мицов и ред други знајни и незнајни „борци“ за македонштината*. На нивните поддржувачи, кои активно шират омраза на социјалните мрежи, би им препорачал да се научат прво да пишуваат на кирилица, а после да го шират својот отров. Силно се надевам дека времето во кое одредени политичари и квазинаучниците од двете страни на границата изградија кариери ширејќи омраза меѓу Скопје и Софија заврши. Како што вика бугарскиот премиер, време е за заеднички проекти и помирување. Македонија ќе направи огромна грешка, ако не ја „искористи“ понудената помош од Софија, да се надеваме дека Заев нема да го дозволи тоа. Дали им се бројат деновите на удбашките структури и истурени играчи во медиумите? Тоа ќе го разбереме на 2 август годинава.
PS: Како контрапрослава на таа на која ќе присуствува Борисов за 2 август, предлагам згрозените македонски „патриоти“ да организираат спектакуларен концерт на Цеца во Крушево. На крајот од концертот ќе ја загрнат со едно македонско знаме и така ќе успеат да го ублажат шокот од фактот дека „лошите“ Татари, дошле да се поклонат пред подвигот на Илинденците.
* Тричко е ист како наброениве погоре ама тој барем не глуми дека се бори за македонштината и затоа не ми е ставен во списокот.
Пишува: Батко Тане