Судбината на Кристијано Роналдо ќе се реши по средбата со Флорентино Перез
Францускиот вицешампион Парис Сен Жермен е подготвен да извади 200. 000 евра за Кристијано Роналдо, пишува весникот „Марка“.
Претседателот на „белиот балет“ Флорентино Перес веќе објави дека цената на португалецот е 1 милијарда евра, но во случајот решава мислењето на самиот фудбалер.
Освојувачот на Златната топка ќе има средба со Перес веднаш после завршувањето на турнирот за Купот на конфедерациите.
Ако и тогаш Роналдо е категоричен во намерата да го напушти Реал, понудата нема да биде одбиена.