Веројатно знаете дека одредени храни помагаат за најдобри резултати за време на тренинг. Нашето тело и мускулни групи имаат различни потреби и поради оваа причина секоја вежба се разликува по интензитет. Се разбира, храната, исто така има голема улога за нашата визија и општа здравствена состојба.
Кафе – тоа е напиток со докажана енергетска моќ и ја подобрува ефикасноста на тренингот. Освен тоа не дехидрира. Можете да додадете и млеко и така ќе примите повеќе јагленохидрати и протеини.
Овес – житарка која содржи влакна со ниска содржина на масти и висока содржина на јагленохидрати, погодни за шеќерот во крвта. Соодветни за јадење се пред тежок тренинг.
Јајца – одлична храна за обновување. Имаат висока содржина на протеини и го намалуваат апетитот.
Јогурт – соодветно е да се пие по тренингот, бидејќи го обезбедува протеинот, потребен за изградба на мускулите.
Ореви – истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат ореви, живеат подолго и ја одржуваат нивната тежина во здравствените норми. Оревите се конзумираат пред тренинг.
Слатки компири – одличен извор на витамин А, кој е важен прехранбен елемент. Тие се погодни за ручек. Содржат диетални влакна и ниска содржина на калории.