„Добив дрес и веднаш завршив на тренинг со првиот тим. Тоа е неверојатно“, раскажува Брамал, кој беше забележан од скаутите на Арсенал додека беше на проба во Шефил Јунајтед.
Ова е неверојатна приказна за 20. годишниот Коен Брамал, кој неодамна од англискиот нисколигаш Хеднесфорд, пристигна во Арсенал.
Имено, Брамал од 20. декември работел во фабрика за автомобили, каде заработи отказ.
„Работев за „Бентли Моторс“, полнев гориво во автомобилите, ги менев сопирачките и така натаму“, изјави Брамал за Би Би Си.
По добивањето на отказ, тој не чекаше премногу за да добие ново работно место. Интересно е тоа што скаут на Арсенал го забележал додека бил на проба во Шефилд Јунајтед.
„Агентот ми се јави и ми рече да одам на проба во Арсенал. Очекував да ме пратат во вториот тим, но добив дрес и веднаш заминав на тренинг со првиот тим. Тоа е лудо. Овие луѓе што ги гледав само на интернет, сега имам шанса и да тренирам со нив. Дани Велбек, Алекс Окслејд-Чембрлејн… Сите овие момци ми придоа и ме поздравија, го знаеја моето име. Бев изненаден, горд и среќен што го знаат моето име“, додаде Брамал.
Тој се сретна и со тренерот на „топџиите“ Арсен Венгер.
„Тоа беше неверојатно. Не разговаравме многу, се запознавме, се ракувавме и тоа беше се. Неверојатно е што всушност го сретнав, тој е еден од најдобрите тренери на светот.“
https://youtu.be/WeL1kni_50Y