5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Александар Михајлоски: Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е малер за членовите на партијата

Александар Михајлоски, координаторот на „Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ“ во гостувањето во Дневникот на ТВ 24, изјави дека сите членови на ВМРО-ДПМНЕ се емотивно врзани за старата жолта зграда, каде беше седиштето на партијата, бидејќи од него, партијата тогаш ги добивала сите изборни циклуси. Михајлоски вели „Членовите на ВМРО-ДПМНЕ не ја чувствуваат новата згарада на ВМРО-ДПМНЕ како своја“. „Тоа не е вистинска слика за вмровците“, додава Михајлоски.

ВМРО-ДПМНЕ го прифати СЈО со потпишувањето на Договорот од Пржино, рече Михајлоски. „Кога се одлучува да се оформи СЈО, се добива впечаток дека постои атак врз ВМРО-ДПМНЕ“, вели координаторот на Републичкиот штаб, во интервјуто за ТВ 24.

Михајлоски предлага проширен мандат на СЈО , не само за прислушуваните материјали, туку за сите партии и за сите носители на јавни функции. Координаторот на Штабот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека е против мерката притвор, во однос на неопределувањето мерки на присуство за обвинетите од СЈО. Тој побара да се овозможи фер судење на обвинетите. Преку демократизација на партијата, треба да се спроведе демократизација на општеството, изјави Михајлоски.

„27 април не смееше да ѝ се случи на Македонија“, вели Михајлоски. „Партија-победник на изборите е надвор од власта“, тврди тој и додава дека ВМРО-ДПМНЕ е во многу тешка позиција и внатрешно и надворешно.

Се одбиваат промени во партијата, вели Михајлоски и тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ја раководи претседателот Никола Груевски со советниците на партијата. Никој не може да му се спротистави на Груевски во партијата при носењето на одлуките, тврди Михајлоски. „Имаме поддршка од 90% од членството“, вели Михајлоски.

Михајлоски ги нарече лага прозивките на пратеникот Антонијо Милошоски дека причините за барањата за реформи се губењето на услугите, кои Михајлоски ги добивал додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт. Тој кажа дека имал позната и успешна адвокатска канцеларија уште од времето на СДСМ па во сите мандати на ВМРО-ДПМНЕ.

Михајлоски кажа дека реформистите имаат поддршка од илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ и дека е сигурен во успехот на битката за демократизација на партијата.

поврзани објави

Последни објави