6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Најмалку 31 повредени и 17 исчезнати во пожар во автобус во Германија

Најмалку 31 лице се повредени, а 17 други официјално се водат како исчезнати кога утрово автобус се запалил по судар со камион во близина на градот Минхберг во јужната германска покраина Баварија.

Портапролката на полицијата Ана Хофер изјави дека засега не е познато каде се 17-мина од патниците во автобусот.

– Можно е некои патници да успеале да излезат од автобусот кога тој се запалил. Засега е нејасно каде се тие, нагласи Хофер.

Сепак, како што јави ТАСС, извори во полицијата информирале дека најголемиот број од исчезнатите патници најверојатно загинале.

Автобусот, во кој се наоѓале 48 патници и двајца возачи, целосно изгорел во пожарот.

Автопатот на кој се случи несреќата е затворен за сообраќај во двата правци, а на местото на настанот пристигнале амбулантни возила и хеликоптери.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -