10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Боже благослови ја Америка

Денеска едната од двете држави кои имаат најголем геостратешки интерес од постоењето на Р. Македонија го слави својот Ден на Независноста…

Во последно време македонскиот синдром на самоуништување се манифестира преку антиамериканизмот. Разноразни порталчиња со сомнителна сопственост и финансирање упорно тераат некаква неокомунистичка идеологија облечена во квазидесничарство. Се игра на картата на слабата меморија. Непобитен факт е дека Македонија својата независност не ја должи ниту на Белград, ниту на Москва, туку на Вашингтон.

После Референдумот, кој во себе ја содржеше можноста за „идно стапување во сојуз со поранешните ју републики“, македонските политичари не најдоа сили да изградат една навистина независна држава и затоа не треба вината да се бара во Белата куќа туку на друго место.

Денес историјата се повторува… САД немаат интерес Македонија да остане надвор од играта. Македонија мора да стане дел од НАТО и ЕУ и тоа ќе се случи, колку и да се трудат рускосрпските агенти да го вбризгуваат својот отров во македонското јавно мислење. Токму тие рускосрпски агенти се прочитани книги и слуги на сите режими и за среќа нивната песна, оди кон својата последна строфа.

Боже благослови ја Америка, оти ако ја нема неа, ќе ја снема и Македонија.

Пишува: Батко Тане

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави