Менаџерството во спортот е поприлично лесна работа само тогаш кога веќе сте го достигнале врвот. Тоа е оној невидлив стап од маглата на трансфер бомбите секое лето, кога секој ден слушате за барем еден прескап трансфер.
Неочекувана прилика за лошиот ДИЏЕЈ
Постои необична слиа за секој спортист кој не успеал да стане професионалец. Мендес беше еден од оние кои на почетокот сфати дека од фудбалската кариера нема да биде ништо. Неговата оригинална бизнис идеја со видео продавница не успеа и беше буквално згазен од претстојната технологија. Тој беше, исто така, диџеј, со свои зборови – прилични неталентиран. Потоа се сврте кон она што фудбалерите го прават најдобро после освојување на титула, тоа е веселбата и забавниот живот. Тој отвори ноќен клубво Caminho, град во далечниот северозападен дел на земјата. Таму набрзо тој стана пријател Еспирито Санто, поранешен голман на Виторија Гимараеш, а денес тренер на Вулверхемптон (пред тоа, тој беше во Валенсија и Порто). Таму го организира првиот трансфер каде што дојде до врски со шпанскиот фудбалски крем и во 1997 година Еспирито Санто стана голман на Депортиво. Следните пет години од неговата работа е обвиткан во поголем или помал степен на тајност, а потоа го договори трансферот кој го лансираше во елитата.
Англија станува негово игралиште
Хорхе Мендес беше чест гостин на португалската младинска академија, постојано градење и одржување на односи со лидерите на сите клубови (особено на големите три). Така тој таму го продава Hugo Viana, солиден играч од средниот ред кој има само една добра сезона зад себе во тимот на Њукасл за тогашни 12 милиони евра. Следниот трансфер е во режија на Олд Трафорд – едно момче кое носи име како познат бразилски фудбалер ќе започне еден од најдоминатните индивидуални ери во модерната историја на фудбалот. Способноста на својата комуникација односно вештина за манипулирање ја докажа кога го натера Жозе Мурињо да се откаже од соработката со тогашниот менаџер Хосе Баидеку кој наводно вееќе договорил ангажман на Португалецот во Ливерпул. Мендес направи пакт со Питер Кенион, кој ја презеде улогата на архитект на тимот на Абрамович во Челси и многу брзо во него се најде Мурињо. Карваљо и Фереира кои само неколку месеци претходно станаа европски прваци со Порто, а потоа го потврди и доаѓањето на Тиаго од Бенфика.
Ова е листата на само некои од најпознатите играчи и трансфери чиј застапник е во овој период: Нани (Манчестер Јунајтед со трансфер во вредност од 23 милиони фунти), Андерсон (Манчестер Јунајтед – 27 милиони фунти), Simao (Атлетико Мадрид – 16 милиони фунти), Кристијано Роналдо (- 80 милиони фунти), ди Марија (Реал – 21 милиони фунти Манчестер Јунајтед – 60 милиони фунти), Фабио Коентрао (Реал Мадрид – 27 милиони фунти), Фалкао (Реал Мадрид – 32 милиони фунти и Монако 53 милиони фунти, со максимална плата за еден играч на позајмица во Манчестер Јунајтед), Џејмс Родригез (Монако – 39 милиони фунти и Реал Мадрид – 71 милиони фунти), Диего Коста (Челзи – 32 милиони фунти) … листата продолжува и натаму. Тој го донесе Мурињо и Сколари во Челзи, со еден куп на играчи кои го направија најуспешниот период во историјата на клубот.
Third party ownership – Хорхе Мендес изгради своја империја
Бебе судејќи по сите парамтери на својата кариера, требало да остане апсолутен анонимец. Како 19. годишен одигра цела сезона за третолигашкиот Естрел, по што го напушти тимот за неисплатување на плата, а потоа замина во тимот на Vitoria Guimaraes. Во новиот тим одигра неколку пријателски натпревари, за да потоа грмне текст во Марка дека Жозе Мурињо, во Реал е луд за Бебе. Во неверојатниот расплет на настаните, Манчестер Јунајтед го зграби играчот пред носот на Реал за 9 милиони фунти. Постојат три многу очигледни проблеми во целата приказна – првата е дека оштетната клаузула на Бебе за 6 натпревари скокнала од 3 на 9 милиони фунти. Другата е дека на Хорхе Мендес како менаџер му припаѓале 40 % од трансферот. Третата е дека Бебе на само два дена пред трансферот го откажал договорот со својот тогашен менаџер и потпишал договор со Мендес. Три години потоа, португалската полиција со помош на своите методи почна да го “чешла“ трансферот и да ги испитува сведоците. До денес, никој не одговори. Дали станува збор за перење пари во Јунајтед, поткупување на портуалските колонии или едноставно лошо изработено сценарио за да на Мендес му се исплати голема количина на пари, е најмалку битно. Најдобриот коментар е оној на Сер Алекс Фергусон – тој на потпишувањето на договорот видел и слушанл за Бебе прв пат во животот.
Продукт на фудбалскиот див запад
Хорхе Мендес е денес можеби најмоќната и најбогатата фудбалска личност. Во исто време тој е тип кој знае да се најде на вистинското место и да предвиди потез или два напред како и личност која нема премногу врска за самата игра. Приказната за Мендес има свои две страни, како и за самиот човек. Ако го прашате Роналдо или Мурињо за нивното мислење за Мендес, припремајте вреќа за бобмбони кои ќе излезат од нивната уста. Прашајте го Џон Доеа кој можеше да добие шанса во Манчестер на местото на Бебе и ќе ги слушнете најлошите пцовки во својот живот. Изборот на гледиштето, обожавање и почитување на едниот или другиот – Ваш избор. Но, ако постои една мисла која се повторува низ целата човечка историја, тоа е дека концентрацијата на моќ во една мала група неизбежно води до колапс на системот.