7.8 C
Skopje
Wednesday, November 13, 2024

ЛУКАКУ (НЕ)ЗАМИНУВА ВО ЈУНАЈТЕД: Челси со нова понуда се врати во трката?

 

Голем пресврт може да се случи на Островот во еден од најголемите и најскапи трансфери. Манчестер Јуанјтед практично договори се со Евертон за 85 мииони евра да го пречека Ромелу Лукаку на Олд Трафорд. Белгискиот напаѓач денес требаше да пристигне во Лос Анџелес на лекарски прегледи. За кратко се чинеше дека се е готово и дека Челси ја изгуби битката.

Меѓутоа, клубот од Лондон не се помири со ова и тргна во офанзива. Спрема пишувањата на англиските медиуми “сините“ ја понудиле истата понуда од 85 милиони евра, сума која и Јунајтед ја понуди на Евертон, со тоа што од Стефморд не сакаат да го исплатат бонусот за неговиот менаџер Мини Раиола, кој тоа веќе го има договорено со “црвените ѓаволи“.

Во Челси веруваат дека Лукаку сака да се врати во Лондон пред неговото заминување во Манчестер, за да на крајот сепак да може да пресуди неговата конечна желба во целата оваа приказна.

Едноставно, Антонио Конте не сака да се откаже од извонредниот голгетер, а дали ќе успее да го украде од “црвените ѓаволи“ ќе видиме во текот на следните неколку денови.

поврзани објави

Последни објави