14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Од 100-те фунти за Вили Гроувс до 100-те милиони за Погба

Уметноста на трансферот веќе 124 години е дел од англискиот фудбал, но веќе станува малку “ненормално“

Кога човек ќе види наслов од типот РБ Лајпциг не отстапува од цената на Наби Кеита – 70 милиони фунти“ или “Бонучи ќе го чини Челси не помалку од 65 милиони фунти“ на човек му доаѓа да престане да се интересира за фудбалот и да почне да се ориентира кон спортови како боулинг, или кон мал фудбал – таму каде што работите се одвиваат природно и нормално.

Во екот на ова лето вакви наслови ќе читаме многу.

Во историјата на англискиот фудбал уметноста на трансферот веќе прави еден век. Првиот таков за трицифрена сума е од 1893-та.

Тогаш Астон Вила плаќа 100 фунти за Вили Гроувс, шкотски напаѓач, кој се смета за миленик на публиката во соседниот Вест Бромвич. Играчот во Вила импресионира со силна игра за ВБА против овој тим во финалето на Купот на ФА во 1892-та.

Клубовите се скарале, а фудбалската асоцијација се вмешала, па ја казниле Вила со сумата, зашто се обиделе да го земат Вили без согласност од ВБА. Со два збора – шашава работа. Да прецизираме. 100 фунти тогаш биле сериозни пари.

Прв голем трансфер – и ете, успешен. Земаш играч од 100 фунти, тој ти носи титула.

Но за да се дојде до денешната ситуација во која брз поглед на топ 10 од трансферите во историјата на Англијата се во вкупна вредност од 541 милиони фунти (плус миниус некој милион) траекторијата на трансакциите за играчи во фудбалот во неговата татковина е прељубопитна.

Тоа не е само маркетинг. Да купиш квалитетен играч, да се пофалиш со своите финансиски можности и статус – доволно голема шанса да привлечете ѕвездата да дојде кај вас, а и да го претекнете својот конкурент за неа… Тоа си е наука.

Најверојатно за Вили Гроувс немавте ниту слушнато. Се обложувам дека и за Алфред комонст не сте.

Инсајд е позииција во фудбалот, која денес не постои. На бариерата меѓу 19-20-тиот век била клучна. Алф бил добар инсаид, станал шампион со Сандерленд (првиот за новиот Милениум, 1901), по што била во основата на силниот тим на Шефилд Јунајтед за освојување на Купот на Фа година подоцна.

Во 1905 година Мидлзборо извадил 1000 фунти за неговиот трансфер, а играчот на тогаш свои 25 години, бил во својата најдобра физичка подготвеност. Тој е првиот играч кој чини 4 цифрена сума во англискиот фудбал.

Минуваат 23 години, додека 4 цифрената сума да стане 5 цифрена.

Арсенал – најдобар стар Арсенал, кој денес се тресе од обвиненија на навивачите дека шефовите не трошат доволно за да се на ниво на шампион во Европа, тогаш плаќа 10 890 фунти за Дејвид Џек. Тој бил голема спортска односно фудбалска легенда во оние години.

Игра 8 сезони за тимот од родниот град – Болтон, станал првиот фудбалер кој постигнал гол на “Вембли“ – при 2:0 во финалето на Купот на ФА во 1923-та против Вест Хем. Пред тоа, на патот кон големиот дуел, Џек постигнува гол за победа од 1:0 во секој круг, со кој Болтон ползи и стигнува до трофејот!

10 000 фунти за играч? ЛУДИЛО. Така реагираа медиумите, тогаш доста резервирани кон фудбалот како целина.

Потоа, дека 60-те години се друго време (“помодерно“) и насловите се далеку поумерени, кога Манчестер Јунајтед го враќа на Островот Денис Лоу од Торино за 115 000 фунти.

Ова е прв 6- цифрен трансфер. Шкотланѓанецот е големо име, а во следната деценија се испоставува дека го чинел секој денар. Околу него, Боби Чарлтон и Џорџ Бест гради голем тим кој станува шампион на Англија и Европа.

Во истата таа година Џими Гриивз преминува од Милан во Тотенхем за 99 999 фунти.

Светот се менува. Вредностите во фудбалот – исто.

Во февруари 1979-та собата за медиумите на стадионот на Нотингем Форест е преполн. Новинарите сакаат да го видат настанот на годината. На векот.

Тревор Френсис е новото засилување на шампионот на Англија, доаѓа од Бирмингем за 1 180 000 фунти. Тоа е првиот милионски трансфер во Британија!

До појавата на Премиер лигата во 1993-та, рекордот во трансферите седи на многу ниски суми. Брајан Робсон потпишува за црвените ѓаволи во 1981 година за 1,5 милиони фунти. Додека во Европа се плаќаат по 10 милиони долари за Диего Марадона, 6-7 милиони за Матеус Лотар, Марко Ван Бастен.

Дури во 1995-а Манчестер Јунајтед го прави првиот “бомбастичен“ трансфер кога плаќа 7 милиони фунти за Енди Кол од Њукасл! Месеци подоцна Ливерпул даде 8,5 милиони за Стен Колимор од Нотингем. Тие, и двајцата постигнаа по над 100 гола во Премиер лигата. Потоа, овде е херојот на Њукалс, Алан Ширер за кого управата на тимот плати 15 милиони фунти на Блекбурн и за прв пат англиски тим купи играч за 8 цифрена сума.

Дали ги заслужи? Глупаво прашање.

Човекот беше машина за голови, неговиот рекорд уште не е, а ништо чудно и никогаш да не биде подобрен (260 шампионатски погодоци).

И така.. Во личности како Анхел ди Марија, Кевин де Бруин или Стeрлинг (и тројца се во топ 10 по платени износи денес), стигнавме до Пол Погба. Цената за него официјално е 89,25 милиони фунти, но шпекулации, покажуваат дека со бонусите (а доста од нив веќе се исплаќаат поради одиграни натпревари и трофеи во првата сезона), Погба ќе дојде до бројка од 100 милиони фунти. Еден од последните поскапи трансфери во фудбалот е заминувањето на Ромелу Лукаку во Јунајтед, трансфер кој црвените ѓаволи ги чини 75. 000 000 фунти, што е околу 86.000.000 евра

Други времиња, знаеме. Оние 100 фунти кои Вила се приндуи да ги плати за Вили Гроувс се некаде на далечина на Сончевиот систем.

Како во филм, фудбалот денес работи со други фигури. Фудбалскиот трансфер пазар стана најскапиот пазар во светот а сумите кои ги исплаќаат најбогатите тимови за некои фудбалери се енормно големи и “ненормални“.

поврзани објави

Последни објави