2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Влада: Информациите за „расипничките“ набавки на риба и морски плодови се тенденциозни и без неопходно објаснување

Информацијата дека Владата на Република Македонија објавила „расипнички“ оглас за набавка свежа риба, замрзната риба, октоподи и морски плодови во вредност од 400.000 денари се тенденциозни и без соодветно и неопходно објаснување.

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, соопштуваат дека се работи за годишна набавка за потребите на кабинетот на Претседателот на државата, на Собранието на Република Македонија, на Владата на Република Македонија, на Клубот на пратениците, на претседателската вилата на Водно, како и за потребите на државните вили во Охрид.

Оваа набавка е вообичаена пракса и низ годините наназад, и служи за свечените приеми на странските делегации и гости во текот на цела година“ се вели во демантот на Владата на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави