6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бојан Јовановски се откажа од посвојувањето деца

Бојан Јовановски, како што соопшти на неговиот Фејсбук профил, се откажа од одлуката да посвои деца по реакциите на дел од јавноста.

– Поради целата негативна кампања, сите реакции во јавноста кои пред се ги пласираат лица кои имаат за цел да оцрнуваат и шират негативна пропаганда и омраза, јас како јавна личност, Бојан Јовановски, во прво лице, јавно соопштувам дека мојата идеа и желба за посвојување на три малолетни деца, сум подготвен да ја повлечам и барањето за посвојување да го препуштам на семејство кое има желба и е подготвено да изврши посвојување, семејството може уште веднаш да ме контактира и да оствариме средба, напиша тој на Фејсбук.

Јовановски соопшти дека на семејството, односно посвоителите, ќе им помогнел со тоа што бил подготвен да ги преземе целокупните трошоци за посвоеното дете или деца, во зависност од желбата на семејстовот и позитивните законски прописи.

– Поконкретно, лично сум подготвен на таквото семејство кое ќе изврши посвојување да му ги покривам сите финансиски трошоци поврзани со одгледување, прехранување, школување и сите други трошоци кои би произлелге од одгледувањето на детето или децата, од моментот на посвојувањето се до навршувањето на полнолетство. По навршувањето на 18 години на посвеото дете или деца, заеднички со нив сум подготвен и се обврзувам да партиципирам со подмирување на трошоци за универзитетско образование или обезбедување на вработување, зависно од преференците на детето или децата. Себичноста не е моја карактерна особина, само љубовта го грее и ќе го грее моето срце, напиша Јовановски на Фејсбук.

поврзани објави

Последни објави