Регулаторната комисија за енергетика во текот на вчерашниот ден ги корегираше цените на нафтените деривати по кои од денес бензинот се продава по нова, поскапа цена.
Од полноќ 1 литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 е по цена од 69 денари. Тоа значи поскапување за денар ипол, а за разлика од бензинот, цената кај дизелот останува непроменета и то и понатаму ќе се продава во 53,5 денари.
Овие цени ќе важат во следните две недели.