Францускиот шампион Монако откажал 50 милиони евра за дефанзивецот Бенжамен Менди, кој е цел на Манчестер Сити, соопштуваат англиските медиуми.
Францускиот тим не смета да ги намалува барањата за Менди, кон кого интерес има и од Челси.
Менаџерот Пеп Гвардиола одамна фрлил око на 23 годишниот дефанзивец, но сега не е јасно дали истиот ќе добие поддршк од управата за овој играч. Сити веќе успеа да привлече фудбалер од Монако – офанзивниот халф Бернардо Силва.