6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Да си легнеш во креветот на Роналдо

Хотелот на најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо, во Фуншал, Мадеира, родниот град на Кристијано, има 48 соби, а спиењето во ниту една од нив не чини под 200 евра на ноќ.

Ништо особено за островот, местото е удобно и практично, но во никој случај премногу луксузно. Во Хотелот има и два апартмани “КРИСТИЈАНО РОНАЛДО“ каде што ѕвездата настојувал апартманот и креветот да бидат исти како неговите во домот од Мадрид. Нивната цена е 600 евра на ноќ, но зарем не си заслужува? Си легнуваш во креветот на Кристиано! Дури во бањата на огледалото те гледа постер на Роналдо со темни очи и насмевката од покер играчиште.

Марката CR7 е веројатно третата најпопуларна во спортот во целиот свет после Nike Jordan и Nike Lebron.

поврзани објави

Последни објави