Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на неговиот колега Дитмир Бушати, утре ќе оствари официјална посета на Албанија.По средбата со шефот на дипломатијата на Република Албанија, предвидена е заедничка пресконференција на двајцата министри.
Во рамки на посетата, предвидено е Димитров да оствари средби и со претседателот на Владата и шефот на државата, Еди Рама и Илир Мета.