-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски пред тесен избор – Коалиција со ДУИ или опозиција

Започна да тече предвидениот рок од 20 дена на мандатарот Никола Груевски околу формирање на нова влада. Вчера претседателот на државата Ѓорге Иванов, официјално му го предаде мандатот на Грувски, на кого му се потребни уште најмалку 10 пратенеци доколку сака да оформи влада.

Претседателот на нивната довчерашна коалициона партија ДУИ, Али Ахмети, за ТВ21 потврдил дека е подготвен да води преговори со партијата која има освоено најмногу мандати на предвремените парламентарни избори. Но во истовреме Ахмети негирал дека имало било какви преговори меѓу него и Груевски.

Од страната на Алијансата на Албанците и БЕСА се изјаснија дека не се во план да коалицираат со Груевски, поради тоа што тој е осомничен во случаи, покренати од СЈО.

поврзани објави

Последни објави