23.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Исповед на Мајк Тајсон: Бев силуван и тепан

Еден од најпознатите боксери во светот во детството доживеал стравично искуство за кое дури сега проговори во јавноста.

-Бев дете. Тој беше повозрасен човек. Ме тепаше и сексуално ме злоставуваше. Никогаш после тоа не го видов. Научив дека сето тоа што ми се случи не ме прави помалку маж, изјави Тајсон, кој призна дека досега никогаш не зборувал за оваа случка.

Тој вели дека овој настан никогаш немал влијание на неговиот натамошен живот.

-Преболев се во текот на боксерските денови. Можеби го носев тој бес мене, за тоа нема сомнеж. Никој повеќе никогаш нема да ме допре, раскажува Тајсон.

Мајк Тајсон имал многу тешко детство. Кога имал 13 години бил уапсен 38 пати поради ситен криминал. Се одлучил да се занимава со бокс кој првично му служел да доминира во уличните тепачки, а потоа сериозно се посветил на боксерската кариера.

поврзани објави

Последни објави