2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Стојановска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изгради 14 ТИРЗ-зони, а во наредниот период беше планирано да се изградат уште три ТИРЗ-зони

На денешната комисија за финансирање и буџет во Собранието  на Република Македонија, каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година, пратеничката  на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, зборуваше за поднесениот амандман од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува на изградба на нова ТИРЗ во Скопје,ТИРЗ во Куманово, Липково, Гостивар и Маврово и Ростуше.

-Направив една статистика по однос на амандманската расправа која што се води во  Комисијата за финансирање и буџет, денес е петти ден од  амандманската расправа поминавме вкупно 25 амандмани, од нов три се повлечени, 22 се одбиени. По моја претпоставка овој амандман како 23-ти по ред ќе биде одбиен со оглед на тоа што со ребалансот на буџетот за 2017 година кратите 45 милиони денари помалку за технолошко индустриски развојни зони во Република Македонија, рече Стојановска.

Што се однесува до владата на ВМРО-ДПМНЕ, морам да истакнам дека основа 14 технолошко-индустриски развојни зони, распределени на територијата на Република Македонија, со што се  овозможи влез на странски инвестиции во сите делови на земјата и се потикна рамномерниот регионален развој, посочи Стојановска.

-Во нашата програма имавме предвидено да продолжиме со изградба на  и основање на ТИРЗ Скопје 3, изградба на уште 4 ТИРЗ и тоа планот ни беше. Куманово, Липково, Гостивар и Маврово и Ростуше, потенцираше Стојановска.

-ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2, беа вбројани во топ педесет зони на иднината  од страна на угледниот​.

поврзани објави

Последни објави