Состојки:
– 3 грста спанаќ
– 400 гр. шпагети
– 400 гр. чери- домати
– 4 чешниња лук
– 1 кромид стар
– 30 мл. маслиново масло
– 1/2 лажичка сол
– 2 прстофати мелен црн бибер
– 2 парчиња авокадо
– 1 филџан јогурт
Подготовка:
Ставете ги доматите врз хартија за печење. Зачинете со маслиново масло, сол и бибер и ставете ги во рерна околу 30 минути. Сварете ги шпагетите во врела посолена вода.
Во останатото маслиново масло испржете ги лукот, кромидот и спанаќот. Потоа ставете го авокадото (кое сте го изблендрале) во смесата со спанаќот и додадете го и јогуртот. Измешајте убаво.
* Ако сакате поредок сос можете да додадете малку топла вода.
Додаде го сосот на исцедените шпагети, одозгора ставете ги и доматите. Промешајте и сервирајте.