6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

(ВИДЕО) Бочварски: Започна процесот на професионализација на админстрацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги злоупотребуваше институциите и ја партизираше државата со што од Македонија направи заробена држава. За само неколку месеци, од октомври 2016, до 31 мај оваа година, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ангажирала над 7700 лица во државната администрација, а од први јуни до денес, во општините кои во најголем дел се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, вработени се повеќе од 300 лица.

Ова е само еден од низата докази за степенот на партизираност што зад себе го остави ВМРО-ДПМНЕ и доказ дека е потребно итно ослободување на институциите од партиските стеги. Затоа, Владата предводена од СДСМ започнува процес на професионализација на државната администрација.

Преку владиниот реформски План 3-6-9, Владата започна процес на темелни реформи во државната администрација, што ќе обезбедат професионални и ефикасни институции. По локалните избори во октомври, таквиот процес на професионализација на администрацијата ќе продолжи и на локално ниво.

Граѓаните и Република Македонија заслужуваат и ќе добијат државна администрација што ќе биде сервис на граѓаните и ќе ги следи нивните реални потреби. Никогаш повеќе нема да дозволиме некоја државна институција да функционира како нечиј партиски штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ..

поврзани објави

Последни објави