2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СПЦ: Не одобруваме посета на манастирот Прохор Пчињски поради „веќе добро познати причини“

Српската православна црква соопшти денеска дека на македонска државна делегација нема да и биде одобрена посета на манастирот Прохор Пчињски, „поради веќе добро познати причини“, јави Танјуг.

„По повод барањето официјална државна делегација на Република Макеронија на празникот Свети пророк Илија да го посети манастирот Свети Прохор Пчињски со своја програма и пораки, Информативната служба на СПЦ ја известува јавноста дека надлежниот црковен орган, поради причини кои се добро познати, а не се променети со години, не одобри посета на државната делегација на РМ на манастирот“, се вели во соопштение од СПЦ.

поврзани објави

Последни објави