fbpx
-6.2 C
Skopje

Зората ќе изгрее (Видео)

АКТУЕЛНО

Синоќа за прв пат го видов видеото (објавено под текстот). Го видов и си поплакав за Македонија. Го виде и еден мој близок пријател, кој многу го ценам и тој се расплака. Се праеме големи војводи, а плачеме како мали деца кога се работи за Македонија. За таа вистинската Македонија, која не можеш да ја купиш или продадеш за скапи џипови или пак да ја шитнеш за било каква функција или позиција.

Кога го гледав видеото, за момент си помислив дека сум се вратил во времето кога овде владееле Турците и Црквата му била последната потпора на поробеното население. Монасите се таму на последната линија и ќе се борат за нашиот духовен спас. Тие знаат и се свесни дека од вистината бегање нема и ја проповедаат гордо, како што и доликува за смирени чеда на Господа.

Нашата зора ќе изгрее. Јас сум уверен во тоа. Ќе ја дочекаме слободата што ќе ни ја донесе вистината. Не сакам повеќе да должам. Насладете се на видеото што следи. Во него ќе ја осетите таа неповторлива големина на Македонија.

Пишува: Батко Тане

Во слава и чест на паднатите јунаци за Македонија !!!Првата химна на Македонија !!!

Posted by Kire Bozinovski Katanga II on Wednesday, August 2, 2017

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -