Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди објави дека неговата сопруга Ребека се породила и на свет донела син.
„Пресреќни сме што се роди нашиот син во сабота навечер, мајката и бебето се одлично“, кратко изјави фудбалерот .
Ова на Џејми и Ребека второ заедничко дете. Парот веќе ја има двегодишната ќерка софија, но и двајцата имаат деца од претходните врски. Ребека има ќерка Меган и син Тејлор со поранешното момче а Џејми со неговата поранешна девојка ја има ќерката Ели.
Ребека е една од најконтроверзните сопруги на фудбалери, често ја осудуваа во британската јавност поради своето бурно минато.