fbpx
5.8 C
Skopje

Каракачанов: Му кажав на Борисов – ВЛЕГУВАШ ВО ИСТОРИЈАТА!

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО БНД, Красимир Каракачанов во интервју за OffNews.bg рече дека тој како претседател на бугарското ВМРО е задоволен од тоа што, 20 годишните напори не само на ВМРО, но и на други бугарски политичари дојде до потпишување на еден ваков договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија. 

Јас му кажав дека тој влегува во историјата. Ако досега луѓето го поврзуваа со автопатишта, метро и други реформи, сега освен тие, ќе го поврзуваат и ќе го памтат по тоа дека потпишал договор со Македонија. Во Скопје, точно пред црквата Свети Спас, малку пред да се поклониме и да положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев, дојдоа едни млади момченца, кои се симпатизери на бугарското ВМРО во Македонија и му се обратија со зборовите: Г. Борисов, ќе останете запаметени во историјата, така како што остана запаметен Цар Борис – како Обединител. И тоа е така, вели Каракачанов.

Нормалните луѓе во Македонија го примија договорот најнормално. Можете да забележите дека 10 000 млади луѓе од Македонија завршија високо образование во Бугарија, над 120 000 луѓе имаат бугарско државјанство, има уште 100 000, кои очекуваат да го добијат. Луѓето разбраа дека политиката на екстремен македонизам, особено во неговата антична форма, воведена од Груевски, ја води Македонија кон катастрофа и безперспективност, додава Каракачанов.

Во интервјуто Каракачанов вели дека тоа што го направи Заев, Груевски неколкупати бил на чекор да го направи, но најверојатно внатрешни политички фактори не му дозволиле.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -