Ѕвездата на Реал Мадрид и за многумина, најдобар фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо е дел од тимот на Реал Мадрид кој ќе настапи утре против Манчестер Јунајтед.
Во текот на денешниот ден, Португалецот симнувајќи се од автобусот се лизна, но за негова среќа брзо и навремено реагираше со што избегна пад на скалите, но и посериозна повреда на коленото. Роналдо го одработи тренингот и се очекува во текот на утрешниот ден да биде дел од првиот состав на Кралевите кои ќе настапат против “Црвените ѓаволи“ на Жозе Мурињо.
Ronaldo almost fell before training in Skopje #CristianoRonaldo #RealMadrid #UEFASuperCup pic.twitter.com/dSyoPgQt7b
— Gledy (@gledytv) August 7, 2017