СДСМ преку писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе сокривање и бегање од одговорност. Напротив, постои професионализам, отчетност и ефикасност во работењето на МВР, а секој оној кој постапувал незаконски ќе понесе одговорност. Тоа е разликата со која не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за внатрешни работи веќе извести за итните дисциплински мерки кои ги презема за случајот во Струмица.
Владата предводена од СДСМ започна процес на професионализација на Министерството за внатрешни работи и на институциите кои што ќе бидат вистински независен и професионален сервис на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.