11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Прашање до Владата на РМ

Нашиот портал „Поглед“, во последните неколку дена доби голем број на пораки од страна на загрижени и хумани граѓани, кои сакаат да помогнат на мајката со двајцата синови болни од церебрална парализа. Повеќе за трагичната судбина на тие несреќни луѓе можете да видите на следните линкови, овде и овде.

Би сакал да ја прашам Владата на РМ, што ќе преземе во врска со овој и сличните такви случаи?

Јас како соработник на еден одговорен кон заедничкото добро медиум, повикувам да се заборави на левичарскиот популизам негуван од страна на еден тазе ангажиран советник во екипата на министерот за финанси, Драган Тевдовски и да се помисли за решавањето на некои одредени проблеми, со кои секој ден се судруваат луѓето, кои навистина имаат потреба од помош.

Прашувам: „Дали не е време, државата наместо да биде користена како џандар и крава од која, кој ќе начека „цица“, се претвори во мајка на сите свои граѓани, посебно на тие од најранливата категорија (болните лица, кои поради ред причини не можат да се грижат сами за себе)“?

Треба да се преземат мерки за расчистувањето на сите нелогичности на системот. Помош од државата треба да примаат луѓе кои навистина имаат потреба, а не здрави и прави „трутови“, кои не само што загубиле работни навики, туку и имаат претензии некој друг да им ги храни и негува потомците. Тоа не е фер. Знам дека од тоа се добиваат убави политички поени, но потвлекувам дека ТОА НЕ Е ФЕР. Токму поради таа причина ја повикувам Владата на РМ, да не попадне под ударите на евтиниот левичарски популизам и пред да помисли за зголемувањето на социјалната помош (која најчесто е примана од неработници), да се зафати со решавањето на проблемите на луѓето со реални маки. Зголемете ги парите за нега на болните и изнемоштени лица, не ја зголемувајте причината голем број мрзливци да не фаќаат работа со децении.

Пишува: Атанас Величков

поврзани објави

Последни објави