7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Клоп ГИ РАЗГОРУВА ШПЕКУЛАЦИИТЕ за случајот „Кутињо“ и побара да биде променето едно важно правило

Јирген Клоп уште толку ги разгоре шпекулациите за заминувањето на Филипе Кутињо во Барселона откако не го селектираше Бразилецот во составот кој ќе му се спротивстави на Хофенхајм во бараж средбата во Лигата на шампионите, а како што се очекуваше, Германецот ова попладне одговараше на серија прашања од новинарите токму на оваа тема.

Клоп јасно потенцираше дека нема некоја позначајна промена околу Кутињо на кого не сака да смета во овие моменти, но исто така испрати еден апел до ФИФА и англиската фудбалска асоцијација, односно предлог како во иднина би се спречиле вакви ситуации.

Германскиот стручњак смета дека ќе биде многу подобро ако трансфер рокот завршува пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, бидејќи со таков принцип би се спречиле вакви ситуации со која во овој момент се соочува неговиот клуб.

– Навистина разбирам дека ова посебно ги интересира луѓето, но верувајте ми дека кога возев со автомобилот навака, воопшто не размислував за ова. Работам со играчите кои ги имам и со кои можам да располагам. Не размислувам на играчите на кои не можам да сметам. Мислам дека кажав доволно. Генерално, мислам дека има голема смисла ако трансфер пазарите завршуваат пред почетокот на сезоната. Мислам дека логично е плановите да завршат пред почетокот на сезоната, а не откако ќе почне. Ако се направи тоа, ќе се спречат вакви ситуации, – вели Клоп во увертирата за утрешното гостување на Ливерпул во Германија.

поврзани објави

Последни објави