Велосипедист од Њујорк се послужи со најубавиот круг, па преку мостот од Бруклин кон Менхетен, со пеење си обезбеди поминување на велосипедската стаза.
Наместо да свири, вика или дури и да пцуе, овој велосипедист покажа најдобар начин како љубезно да ги тргнете пешаците од стазата за велосипедисти. И не само дека не се налутија, туку повеќето и со насмевка гледаа.
Можеби во корист му одеше и фактот што убаво пее, но со едноставната реченица која човекот ја испеа „не одете во велосипедската патека и можете ли да се поместите“ направи без стрес многу брзо да го помине мостот, за кој ви треба околу половина час одење, а скоро исто толку и со велосипед, затоа што туристи и пешаци на овој мост има премногу, па поради гужвите правилата често не се почитуваат.
Во секој случај, со пеење и убав збор често добиваме многу повеќе отколку кога сме нервозни, само потребно е себеси на тоа да се потсетиме од време на време.