Еден Севернокореец кој пребегал на Југот, во Јужна Кореја, изјави дека поддршката за лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е „многу помала отколку што тоа изгледа според сликите кои ги нуди режимот“ за домашната и за светската јавност.
– Ништо од тоа што се прикажува на телевизијата, со парадите и големите маси народ на улиците, не е вистина, затоа што таквата лојалност на која се инсистир , се заснива само врз стравот на лугето, рекол овој човек, чиј идентитет не се открива од безбедносни причини.
Во разговор за британската телевизија Скај, во Сеул, овој бегалец од Северна Кореја инсистира дека светот мора да ја знае вистината за животот на Севернокореанците под суровиот режим на Ким Џонг-ун.
Според објаснувањето на овој човек, условите за живеење во земјата се потешки од порано, па многумина би се пожалиле на состојбите во земјата, или би критикувале, но никој нема смелост тоа да го каже јавно, затоа што никој не смее да ги криткува Ким и неговиот режим.
– Воспоставен е систем кој се одржува само врз стравот на луѓето, затоа што сите оние кои се осмелиле да се пожалат завршуваат во затвор и во работни логори, каде условите се понижувачки и каде лугето живеат како кучиња или како свињите. За нив е подобро да се мртви, отколку што живеат- вели бегалецот.
Тој објаснува дека за најновите собирања во Пјонгјанг на кои лугето му ја искажуваат својата подршка на водачот,се намесетени, затоа што се направени со присилување.
– Луѓето мораат да дојдат на ваквите собирања. Се носат од сите страни во главниот град и никако не смеат да не се појават на митинзите , на парадите и на собирањата на кои се појавува Ким Јонг-ун, затоа што ризикуваат да бидат уапсени и строго казнети.
За овој човек, Северна Кореја е најсиромашнто место за живеење во светот, како и држава во која како никаде на друго место, луѓето страдаат, повредени од власта и од системот што го има уредено.
Во исповедот што го има дадено за Скај, тој тврди дека големо незадоволство има и во редовите на армијата, пред се, кај луѓето со пониски чинови.
Ким Џонг -ун е на власт од 2011 година, по смртта на неговиот татко.