Главоболка може да имате поради многу причини. Некои луѓе страдаат од чести болки во пределот на главата, што укажува и често земање на лекови за смирување на болката. Пред да брзате со посегнување кон лековите, пробајте некои ефикасни природни методи за борба со главоболката.
1. Ладна облога
Ладната облога ја потиснува болката ги смирува грчевите и ги ублажува симптомите дури и на мигрената. Важно е да не ставате сув мраз директно на кожата, туку да го завиткате во памучна крпа.
2. Повеќе вода
Пиењето на повеќе вода помага за добрата хидратација на телото. Дури и лесната дехидрација може да испровоцира напад на силна главоболка.
3. Лута црвена пиперка
Според истражувањата лутата пиперка има својство да ја ублажи главоболката со сила на мигрена. Во овој вид на пиперка се содржат многу моќни антиинфламаторни соединенија кои ја смируваат мигрената, вртоглавицата, гадењето и грчевите.
4. Чај
Добриот и соодветен чај може многу да ви помогне во борбата со главоболката. Соодветни за оваа цел се чаевите од камилица, цимет или нане.
5. Етерични масла
Моќта на етеричните масла е голема. Тие помагаат за одзатнување на синусите, што е честа причина за главоболка. Етеричните масла помагаат при појава на стрес, имаат анти-воспалителни својства и го намалуваат траењетото на нападите од мигрена. Најпогодни етерични масла против главоболка се од лаванда, мента и чајно дрво.
6. Тампони за уши
Кај некои пациенти главоболката се појавува поради силни звуци. Тампоните за уши се одличен начин да го заштитите средното и внатрешното уво од штетното влијание на високите децибели кои предизвикуваат главоболка.
7. Додатоци во исхраната
Најефективна храна против главоболката е онаа која што е богата со омега-3 масни киселини, магнезиум, витамин Б12, коензим Q-10.
8. Вежби
Редовните вежби се корисни не само за фигурата туку и за циркулацијата. Подобра циркулација значи подобро потхранување на ткивата на мозокот и нервниот систем со хранливи материи. А тоа автоматски влијае позитивно врз силата и зачестеноста на нападите на главоболка.