6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Извесни кандидатите за градоначалници во Делчево, Берово и Пехчево

олитичките партии финишираат со листите за кандидатите со кои ќе влезат во трката за градоначалнички мандат и во локалните совети на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври 2017.

Анкетите кои партите ги спроведуваат помеѓу граѓаните и во своите редови во изминатиот период покажуваат дека партиите ќе се натпреваруваат со проверени и докажани кадри кои имаат силна биографија и чисто минато.

Според тие анкети, СДСМ во источниот дел на Македонија во изборната трка ќе влезе со млади и докажани членови во општините, додека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се обиде и ќе влезе во трката со актуелните градоначалници.

Во општина Берово, СДСМ сосема извесно ќе го кандидира Звонко Пекевски, вработен во општина Берово и кандидат за градоначалник во 2013 година, мали шанси му се даваат на претседателот на општинската организација, Јованчо Матеничарски, бидејќи беше носител на листата за локалните избори во 2013 година од страна на Либералната партија. Актуелниот градоначалник Драги Наџински од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе се обиде да ја добие внатре партиската поддршка, каде ќе има конкуренција во претседателот на општинската организација во Берово, Никола Атанасов, кој исто така има амбиции за градоначалнички мандат.

 

Неизвесна трка за градоначалничката фотелја се очекува и во Делчево, каде СДСМ според најавите ќе се борат Горан Трајковски и, Горан Георгиевски. Актуелниот градоначалник на Делчево, Дарко Шехтански со сигурност ќе биде еден од најсериозен кандидат за градоначалник во Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во Пехчево, град кој за важи за „вмровски„ сигурен кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, повторно ќе биде Игор Поповски. Мали шанси му се даваат на Ванчо Апостоловски, актуелен претседател на општинската организација во Пехчево. Во редовите на СДСМ во Пехчево најголеми шанси во трката за градоначалник им се даваат на претседателот на општинската организација Драган Тренчовски, како и на Борче Бојчовски активен член на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави