6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Свинско печено месо во пиво

Состојки:
– 1, 5 кг. свинско филе
– 1 лажица сол, сушена мајчина душица, ловоров лист, оригано
– 3 лажици масло
– 2 кромид
– 1 чешне лук
– 500 мл. темно пиво
– 1 лажица шеќер
– 0, 50 гр. путер
– 0, 50 гр. брашно

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 C. Исчистете го месото од маснотиите. Во мал сад, измешајте ги солта, мајчината душица, ловоровиот лист и ориганото. Посипете го месото со зачините покријте го со фолија и ставете го да отстои 2 часа во фрижидер. Загрејте го маслото на умерена топлина.
Испржете го месото добро од сите страни. Префрлете го во огноотпорен глинен сад. Ставете ги кромидот и лукот во тавата, пржете ги околу 5 минути додека не станат црвени. Додадете го пивото и шеќерот и варете ја мешавината. Истурете ја смесата на свинско месо. Ставете го месото да се пече околу 2 часа. Извадете го месото од глинениот сад и ставете го за послужување. Во сосот каде што се печело месото ставете го путерот и потоа запржете го брашното. Откако сосот ќе се згусне сервирајте го заедно со месото.

На здравје!

поврзани објави

Последни објави