6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Андоновска: Починало и четврто новороденче на клиниката за гинекологија, а министерството го прикрива случајот

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека црниот биланс на Клиниката за гинекологија растел и дека идните родители, но и оние кои во моментов биле таму биле исплашени бидејќи не знаеле што се случува во болницата.

– Вчера во јавноста протече уште една информација дека имало починато и четврто новороденче. Починало уште едно бебе, а министерството за здравство го прикрива случајот. Јавноста дознава благодарение на некој новинар или медиум што ќе се охрабри да пишува за хаосот што го предизвикуваат кадрите на Заев. Зошто Клиниката за гинекологија го премолчи случајот? Зошто министерството за здравство го премолчи случајот? Што се случува на Клиниката за гинекологија? За само три дена имаме четири починати бебиња, а институциите молчат и бегаат од одговорност. Родителите на трите бебиња кои починаа на Клиниката за гинекологија се гневни и бараат одговорност! Одговорност мора да има и ќе има, рече Андоновска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предупредувале за, како што кажа, бруталната партизација на институциите и со поставувањето на некомпетентни кадри државата се туркала во хаос.

– ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше и дека именувањето на Викторија Јовановска за директор на Гинекологија само заради тоа што била блиска другарка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева ќе има сериозни последици. Скандалот мора да биде испитан до крај. Не смее да се прикрива ништо! Господа од СДС, уште колку животи треба да згаснат за да запре безредието кое го создавате во македонскиот здравствен систем?, праша Андоновска.

Таа рече дека здравството било во хаос и ако кај одговорните од овој ресор имало грам морал и доблест ќе си поднеселе оставки и ќе заминеле од оваа професија.

поврзани објави

Последни објави