Мавис Ванчик (53) од Масачусетс ја освои најголемата џекпот добивка во историјата на Северна Америка. Среќното ливче неа ја збогати за вртоглави 758,7 милиони долари.
Мајката на две деца добитниот тикет го купила на бензиска пумпа, а среќните броеви кои ја направија милионерка беа 6, 7, 16, 23, 26 и 4. Како што изјави за новинарите, таа веќе го напуштила своето работно место.
Прво што сакав да направам е да седнам и да одморам. Мојот сон се оствари, сега ќе се скријам во мојот кревет“, изјави пресреќната Американка која претходно 32 години работеше во медицински центар.
Како што откри, добитните броеви ги бирала според родендените на своите роднини. На прашањето дали сега планира да се почести со нешто, како нов автомобил или слично, одговори дека пред помалку од една година купила нова кола и сега само сака да го отплати кредитот за истата.
Наградата од 50.000 долари која таа ја даде на бензиската пумпа од каде што го купи ливчето, сопственикот на пумпата реши да ја донира во хуманитарни цели.