13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Која храна е корисна за да имате здрави заби?

Правилното јадење може да ни помогне да се справиме со пародонталните заболувања и воспалението на венците. Заедно со одржувањето на добра орална хигиена, употребата на некои храни помага во здравјето на забите и непцата.

1. Млеко
Млекото не е важно само за здравјето на коските, туку и за забите. Млекото и јогуртот се богати со калциум и фосфор, минерали кои го спречуваат процесот на деминерализација (разградување на забната глеѓ). Јогуртот го намалува и присуството на лоши бактерии во устата.

2. Лосос
Лососот е добар извор и на витамин Д, кој е клучен за оралното здравје, затоа што му овозможува на телото полесно да го апсорбира калциумот.

3. Портокал
Портокалите можат да им помогнат на непцата да бидат здрави преку зајакнување на крвните садови и сврзното ткиво кое ги држи забите во коската. Витаминот Ц во портокалите помага во спречувањето на развојот на воспалителни болести на непцата.

4. Јаготки
Слично на портокалите и јагодите се полни со супстанција за изградба на витамин Ц. Витамин Ц е неопходен за изградба на колагенските влакна. Колагенот е главен протеин кој ја поддржува силата на непцата кои пак се составен дел од целокупното здравје на усната шуплина.

5. Ананас
Ананасот е прекрасно овошје кое содржи ензим наречен бромелин, кој е многу лековит, а на усната шуплина и помага во смирување на воспаленијата и отстранување на наслагите. Исто така, во неговиот состав има киселина која е корисна за здравјето на непцата и забите.

6. Брокула
Овој зеленчук делива поволно на вашите заби на 2 начини, ја чува белата убава боја на забите, а железото во нејзиниот состав создава дополнителна бариера од киселини во усната шуплини. Брокулата е богата со витамин Ц, а е одличен извор на калциум, витамин Б2 и фолна киселина.

7. Зелен чај
Неговиот состав ги убива бактериите кои ги образуваат наслагите врз забите, a флуоридите во чајот ја прават забната глеѓ појака.

8. Моркови и целер
Интензивното џвакање ја зголемува секрецијата на плунка и ги неутрализира киселините. Во исто време непцата и интерденталните простори ќе бидат масирани и добро снабдени со крв.

поврзани објави

Последни објави